Британскиот возачки ас „тежок“ е повеќе од 260 милиони долари

Според Аutoevolution, имотната листа на Луис Хамилтон е на завидно ниво. Ништо чудно, тој со години вози во најплатениот автомобилски шампионат, а има освоено дури седум титули. Според досегашните податоци, возачот на Mercedes годинава ќе инкасира повеќе од 52 милиони американски долари од договорот со тимот.

Иако Британецот во последно време ги промовира еколошките вредности, погледот на неговата сметка и она што го поседува кажува малку поинаква приказна. Се наведува дека вкупниот имот на британскиот возач во Formula 1 вреди повеќе од 260 милиони долари.

Овде треба да се напомене дека се проценува дека неговата колекција на автомобили и мотоцикли чини околу 15 милиони долари. Тој поседува LaFerrari, Ferrari Aperta, McLaren P1, Shelby Cobra од 1966 година, како и неколку возила со ознака AMG.

Хамилтон има и свој авион, Bombardier 605 Challenger, за кој наводно платил шеснаесет милиони долари во свое време. А тука се и неколку недвижности.

Седумкратниот шампион во Formula 1 поседува огромна вила во Лондон (проценета на 18 милиони долари), потоа станови во Њујорк и Монте Карло, а инвестирал и 30 милиони долари во хотел на карипскиот остров Гренада.

Нема сомнеж дека контото на Хамилтон дополнително ќе се зголеми доколку и оваа година ја освои титулата со Mercedes. Луис моментално заостанува осум бода зад водечкиот Верстапен и сеуште има можност да стигне до осмата шампионска титула на преостанатите две трки. Доколку успее, ќе стане и апсолутен рекордер. Во моментов, на вечната листа лидерската позиција ја дела т тој и легендарниот Михаел Шумахер со по седум титули.