Доколку трката е на асфалт, однапред се знае победникот, но овде подлогата сепак може да направи разлика

 

Британскиот CarWow дошол до одлична идеја, ставајќи го моќниот теренец од Инголштад „на црта“ со скромниот Dacia Duster. Секако, доколку трката е на асфалт, однапред се знае победникот, но овде подлогата сепак може да направи разлика.

Audi Q8 е еден од најбрзите теренци во „Зелениот пекол“. Овој автомобил тежок повеќе од два тона круг на Нордшлафе минува за 7 минути и 42 секунди, што е актуелен рекорд за сериски теренци/кросовери. Оваа фантастична изведба може да се припише на импресивниот инженеринг и технологија, кои обезбедуваат вакво масивно возило да има перформанси на суперавтомобил.

Audi RS Q8 е придвижуван од 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор, кој испорачува 600 КС и 800 Nm. Моќноста се испраќа до сите тркала преку осум-брзински автоматски менувач, што значи дека легендарниот quattro погон на Audi гарантира оптимална испорака на „огнена моќ“ на асфалтот. Со спринт до 100 km/h за само 3,8 секунди и максимална брзина од 306 km/h, има малку возила кои можат да се справат со оваа тешка категорија на Audi.

Наспроти него е Dacia Duster. Овој прифатлив мал SUV е идеален семеен транспорт за сите сезони и услови на патот. Го придвижува 1.5-литарски турбодизел со 115 КС.

Duster е докажан како повеќе од солиден теренец, па се поставува прашањето дали може да се носи со супермоќното и многу поскапо Audi во „каллива“ трка?