Новата Škoda Fabia нема да има караван варијанта!
Чешката марка го смени мислењето за караванот од сегментот Б
Škoda Fabia Combi требаше да биде претставен на крајот на тековната година, а да започне со продажба следната година. Тоа нема да се случи бидејќи Škoda официјално стави крај на кариерата на попространата варијанта на Fabia.
Според медиумите од Чешка, производителот од Млада Болеслав се одлучил на таков чекор од две причини. Првата е поврзана со фотната емисија на штетни гасови. Караванот е значително поголем и тежи повеќе од хечбекот, што би имало негативно влијание врз емисијата на штетни гасови. Малку е чудно што ова се издвојува како повод, бидејќи Škoda веќе има електрични автомобили во своето портфолио, како и plug-in хибриди и ќе го зголеми бројот на автомобили со батерии во наредните години…
Втората причина изгледа пореална, а тоа е дека менаџментот на чешката марка се плаши од канибализација на продажбата на моделот Kamiq, кој исто така се наоѓа во Б сегментот и повеќе или помалку таргетира слична публика како потенцијалната Fabia Combi.
Медиумите пишуваат и дека шефот на Škoda, Томас Шефер, бил до последниот момент караванот Fabia да се понуди на пазарот, бидејќи има сериозна побарувачка за тоа во тој регион. Сепак, наредбите од седиштето на групацијата VW се чини дека имале предност, така што Fabia Combi исчезнува од сцената по три генерации.