
Во Јапонија „полуделе“ по Lada
Lada Niva, еден од најдолготрајните на пазарот, но и најкорисни теренци, се стекна со светска слава, а сега и некои други Lada модели се на добар пат
Во Јапонија, владее „лудило“ по Niva Travel, која од неодамна е понудена на тамошниот пазар.
Сепак, за разлика од верзиите на рускиот пазар, тие се многу подобро опремени, а исто така и цената. Цената на моделот со целосно име Lada Niva Travel Port Off-road започнува од 3.480.000 јени, што е околу 27.000 евра или неверојатни 132% повеќе од цената на рускиот пазар.
Станува збор за редизајн на Chevrolet Niva, модел претставен во 1998 година. Механиката е идентична со Niva, што значи 1.7 бензинец со 80 КС, петстепен мануелен менувач и погон на сите тркала со редукција и блокажа на диференцијалот.
Стандардната опрема тука вклучува климатизација, инфо-забавен систем со камера за рикверц, електрификација, греење на седиштата, 16-инчни алуминиумски фелни.
Продавачот кој ја носи Niva од Русија, исто така, нуди Lada Vesta Sport. Цената на овој автомобил е 3.780.000 јени, или околу 29.300 евра, што е за 105% повеќе отколку на домашниот руски пазар.