Новиот предизвик на TikTok се вика Lug Nut Challenge, и освен што вообичаено не носи ништо добро на светот, тој е крајно опасен

Предизвикот е „онака од забава“ да ги олабавите навртките на тркалото на случајно избран автомобил и потоа да снимите што ќе се случи. Не треба да бидете физичар за да заклучите колку е опасно ова, особено ако тоа се случува во сообраќај.

И не само тоа. Ова е секако нелегално и лесно може да заврши со значителни трошоци, но и затворска казна.

Жртва на овој предизвик е и еден возач од Масачусетс кому тркалото му отпаднало додека возел. Најзагрижени се наставниците, кои се плашат дека некој може да им ги олабави навртките на тркалата. Претставник на локалната влечна служба за 22News вели дека ова е исклучително опасен предизвик кој може да заврши трагично. Тој вели дека во последно време има се повеќе случаи во кои добиваат повици од загрижени возачи кои навреме ги забележале разлабавените навртки. Затоа, на сите во моментов им се советува да ги проверат сите тркала на возилото пред да возат.

Иако во САД се пријавени голем број случаи во кои се олабавени навртките на тркалата, досега, за среќа, не се пријавени сериозни несреќи.