Mercedes и Stellantis со заеднички ќе произведуваат батерии
Германскиот концерн Daimler стана третиот член на заедничкото вложување, компанијата Automotive Cells Company (ACC), основана во 2020 година со цел развој и производство на тракциони батерии наменети за употреба во модерните автомобили
Првично, ACC ги вклучуваше само групите Stellantis и TotalEnergies, но сега и Daimler влезе во структурата на капиталот на еднаква основа, така што сега сите страни поседуваат по третина удел.
Центарот за развој на компанијата ACC се наоѓа во Бордо, Франција, додека првата фабрика за тракциони батерии, според планот, ќе започне да работи оваа година во истата земја, но во градот Нерсак. Истиот план предвидува до крајот на деценијата, заедничкото вложување да има контрола на осум гигафабрики во светот, од кои четири ќе бидат во Европа, со вкупен годишен капацитет од 120 GWh, за што е потребна инвестиција од седум милијарди евра.
Иако звучат мегаломански, тоа се всушност скромни планови, кога се знае дека само Volkswagen има намера да пушти во функција шест фабрики со вкупен капацитет од 240 GWh.
Идејата е Daimler e да инвестира нешто помалку од милијарда евра во капиталот на ACC, од кои 500 милиони ќе бидат инвестирани следната година, додека дополнително ќе обезбеди сопствена технологија и експертиза со кои располага. Фабриките што ќе работат под покровителство на ACC ќе започнат со производство на батерии за електрични автомобили веќе во 2025 година.
Daimler, исто така, се грижи за својата компанија ќерка наречена Accumotive, која управува со фабрика во германскиот град Каменец, а која исто така нарачува батерии од CATL и Farasis. До крајот на оваа деценија, производството на батерии за електричните автомобили на Mercedes треба да достигне бројка од 200 GWh годишно.