РКЕ: Бензините повторно поскапуваат, дизелот без промена!
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 06.09.2021 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,552 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.09.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 38,395 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 4,142 % или за 29,650 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 0,066 % или за 0,400 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,11 % или за 0,650 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,34 % или за околу 10,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 51,8830 ден/$ и е за околу 0,343 % понизок од курсот на доларот (52,0618 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.