Иако забраната за автомобилите во големи серии со погон од мотори со внатрешно согорување, објавена на територијата на Европската унија за 2035 година, сеуште не стапила во сила, односно не поминала низ соодветните канали за одлучување, Италијанците сакаат да дејствуваат превентивно и да ја заштитат својата автомобилска индустрија

Забраната за конвенционалните автомобили се уште не е официјална и правно обврзувачка, но нема сомнение дека тоа ќе се случи многу брзо, односно, сосема е сигурно дека крајот на бензинските и дизел моторите во Европа е многу близу. Потсетување дека темпираната дата за забрана во Европската унија е 2035 година.

Предлогот на комисијата веќе наиде на отпор од одредени членки на унијата кои имаат автомобилски и сродни индустрии, а сега слична приказна доаѓа и од територијата на Италија, каде политичарите бараат изземање од забраната, кое би вклучило само дел од индустријата за суперавтомобили односно „егзотичните“ модели. Министерот за транзиција на животната средина во италијанската влада, Роберто Сингољани, овие информации ги откри во интервју за телевизијата Bloomberg.

Сингољани, кој претходно беше член на управниот одбор на Ferrari без право да учествува во управните одлуки, вели дека се во тек разговори со претставници на Европската комисија во врска со формулирањето на конечниот текст на предлогот за директивата за забрана на моторите со внатрешно согорување, и потенцијално ублажените барања од производителите на „егзотици“, во споредба со оние наменети за големо сериските модели.

За оние што случајно не знаат, Италијанците се особено богати со егзотични брендови, а тука, меѓу другите, најмногу се истакнуваат Ferrari, Lamborghini и Pagani.

„Автомобилите во овој сегмент бараат многу специјална технологија и за нив батериите во преодниот период се едноставно неопходност“, вели Сингољани. „Еден важен чекор се рефлектира во фактот дека Италија доби автономија во производството на батерии со високи перформанси и затоа во моментот е покрената идејата за изградба на гигафабрика на територијата на Апенинскиот Полуостров. Тоа би бил голем производствен комплекс за батерии“.

Премисата врз која се темели идејата за исклучување на производителите на суперспортски автомобили се рефлектира во фактот дека тие се однесуваат на скромните ниши на пазарот и работат во многу ограничен опсег, за разлика од големо сериските брендови. Преобразбата на производствените погони и развојот на производствениот процес за батерии се многу предизвикувачки чекори, но сите знаеме дека овие производители навистина не заостануваат на патот на електрификација.

Всушност, Ferrari минатиот месец објави дека нема проблем со рокот (2035 година) во врска со забраната за моторите со внатрешно согорување. Италијанскиот бренд дури и ангажираше индустриски ветеран во областа на технолошкиот развој, Бенедето Вину, како нов извршен директор, сигнализирајќи дека брендот е подготвен за чисто електричен погон, дури и во 2025 година.

Во меѓувреме, Lamborghini излезе со слични погледи, така што сите модели на марката ќе се електрифицираат до 2024 година, додека целосно префрлање на електричен погон, треба да се случи по 2025 година.