Официјално: Џорџ Расел од следната година во Mercedes
Долго се зборуваше за трансфер на младиот Британец во Mercedes, за сега конечно тоа биде и официјално потврдено.
Mr Mercedes#F1 @GeorgeRussell63 pic.twitter.com/0kMwJBUhbP
— Formula 1 (@F1) September 7, 2021
Расел на крајот од сезоната ќе го напушти Williams и ќе му се придружи на Луис Хамилтон во Mercedes. Тој доаѓа на местото на Валтери Ботас, кој потпиша повеќегодишен договор со Alfa Romeo.
Расел дебитираше за Mercedes минатата година на трката за ГН на Сакир кога ја импресионираше јавноста. Тогаш го замени Хамилтон, кој беше позитивен на коронавирус и беше близу до победа, но комбинација од несреќни околности го исфрлија од позиција на подиумот.
Младиот Британец конечно стигна до својот прв подиум во кариерата неодамна на трката за ГН на Белгија, благодарение на одличните квалификации на кои заврши на второто место, а потоа и откажувањето на трката по само два круга.
„Ова е посебен ден за мене професионално и лично, но има и многу емоции. Возбуден сум и чест ми е што ќе се приклучам на Mercedes следната година. Тоа е голем чекор за мене, но исто така значи збогум на моите драги пријатели во Williams. Ми беше чест да работам со секој член на тимот на Williams и ми беше драго што бев нивниот возач. Откако дојдов во 2019 година, се туркав себе си до крајни граници и работевме на тоа да го вратиме тимот на местото што го заслужува. Дадовме се од себе, се боревме за секоја десетинка и никогаш не се откажавме. Уживав во секој момент и Williams е вистински пример за тим кој има срце и душа “.
„Ќе лажам ако кажам дека не сум возбуден за следната сезона. Тоа е голема шанса за мене и сакам да ја искористам. Сепак, свесен сум и дека ме очекува голем предизвик. Валтери постави висок стандард и многу му помогна на тимот во освојувањето титули во текот на претходните години. Мојата цел е да ја оправдам довербата што Тото ја има во мене и сакам да му овозможам на тимот да продолжи да успева. До мене ќе имам колега кој го сметам за најдобар возач на сите времиња. Секогаш гледав кон него и тој стана мојот идол и на патеката и надвор од неа “.
„Имам уште 9 трки со Williams пред мене и сакам да бидат моите 9 најдобри трки со тимот. Само после тоа ќе можам да се префрлам на 2022 година. Сакам да им се заблагодарам на мнозинството и на сите што ме поддржуваа во текот на мојата кариера. Немаше да успеам без нив“.
Тото Волф
„Не беше лесно да се донесе одлука и целиот процес беше комплициран. Валтери заврши фантастична работа во изминатите 5 сезони и беше еден од клучните фактори за нашиот успех. Мислам дека тој и Луис беа вистински пример за тоа како треба да функционираат тимските колеги за да бидат успешни. Тој целосно заслужи да остане со тимот и мило ми е што конечно избра нов предизвик во тимот на Alfa Romeo“.
„Што се однесува до следната сезона, драго ни е што можеме да потврдиме дека Џорџ ќе го направи следниот чекор во кариерата и ќе се приклучи на нашиот тим. Тој покажа во претходните три сезони во Williams што може да направи во Formula 1. Сега е наше да му помогнеме да се вклопи што е можно подобро со нашиот тим и покрај Луис, кој е најдобриот возач на сите времиња. Сигурен сум дека тие ќе ни донесат резултати додека се развива нивната соработка. Ми падна камен од срцето сега кога имаме јасен план за 2022 година. Сепак, нашиот фокус сега се враќа на оваа сезона и последните девет трки, за време на кои ќе сториме се за да ги одбраниме титулите“.