Европа го запозна новиот Kia Sportage! / ФОТО+ВИДЕО
Глобалната верзија на петтата генерација на популарниот кросовер наречен Kia Sportage веќе дебитираше, и како таква е значително поголема од својот предходник
Планетарната изведба веќе се нуди во Јужна Кореја, а ќе биде достапна и за американските клиенти. Истото важи и за Кинезите, како и за другите Азијци.
Сепак, во Kia знаат дека Европјаните имаат малку поинаков вкус и барања па затоа подготвија модификација со пократко меѓуоскино растојание посебно за Европа. Премиерата беше виртуелна, а во живо ќе може да се види на престојниот авто салон во Минхен овој месец.
„Помалата“ европска варијанта има оригинален задник кој во однос на дизајнот се надоврзува на она што го промовираа моделите од претходните генерации. Овој Sportage е препознатлив по оригиналната линија на прагот, подебели C-столбови, како и стаклената површина на петтата врата, која е поскромна по големина.
Во споредба со кросоверот кој е во заминување, меѓуоскиното растојание на новитетот е сепак поголемо. За волја на вистината, тоа е само еден сантиметар, додека во глобалната верзија, зголемувањето во милиметри е помеѓу оските и е изразено со бројката 85. Како и да е, европскиот Sportage има 2.680 mm помеѓу предната и задната оска.
Должината на европскиот теренец е 4.515 mm, додека порано беше на ниво од 4.485 mm. Да потсетиме, глобалната верзија е долга 4.660 mm. Исто така, со доаѓањето на новата верзија, Sportage станал за еден сантиметар поширок и исто толку висок. Сега е широк 1.865 mm и висок 1.645 mm.
Европејците нема да можат да добијат верзија на Sportage која не се потпира на LED осветлување, додека најпрестижните изданија исто така ќе можат да се пофалат со примена на Мatriх технологијa . Следно, клиентите ќе можат да изберат бандажи со големина од 17, 18 или 19 инчи во дијаметар.
За првпат ќе може да се доплати дополнително за покрив што би бил обоен во црно. Дополнително, иако тоа не беше практика порано, сега ќе може да се нарача спортска верзија која Азијците ја нарекуваат GT-Line од моментот на премиерата.
Внатрешниот дизајн на Sportage не се разликува кога станува збор за глобалната или европската верзија. Единствената разлика се однесува на фактот дека вториот ред е поблиску до предните тркала во европската варијанта отколку кај глобалната, бидејќи самото возило е пократко. Обемот на багажникот во европскиот Kia Sportage е на ниво од 591 литри, додека во глобалното издание оваа бројка е на ниво од 637 литри. Како и да е, тоа е стотина литри повеќе отколку кај претходникот.
Потпирачот за грб на задната клупа е поделен на три дела, во сооднос 40:20:40. Има уште еден необичен детал во кабината, а се однесува на потпирачот за глава на предните седишта. Имено, тие се искористени за да служат и за закачување на гардероба на задниот дел од предните седишта.
Новиот европски Sportage се нуди со широк спектар на достапни погонски агрегати. Основниот турбодизел ја носи ознаката 1.6 CRDI и може да испорачува 115 или 136 коњски сили, а турбобензинецот 1.6 T-GDI – 150 или 180 коњски сили. Дел од стандардната опрема е системот стартер-алтернатор (стартер-генератор), но само кога станува збор за бензинците. Кој сака дизел, а згорa на тоа и да биде лесен хибрид, ќе мора да и доплати на Kia.
Клиентите можат да изберат помеѓу шестстепен мануелен менувач, при што треба да се знае дека менувачот кај дизелите нема механичка врска помеѓу педалата и спојката, или роботизиран менувач со седум брзини со двојна спојка. Погонските тркала се во основа секогаш предни, додека верзијата што може да вклучи пренос и до задните тркала во екстремно ретки ситуации се доплаќа (благодарение на инсталираната спојка и на таа оска). Производителите обично овој погонски систем го нарекуваат 4 × 4, но фер е да се каже дека дека всушност станува збор за погон на предните тркала со повремено и ретко вклучување на задниот дел.
Во денешно време, лансирањето новина без хибридни погони не е доволно сериозно. Така, Kia, како се пореномирана марка, нуди два хибрида, од кои двата се поврзани со гореспоменатиот мотор 1.6 T-GDI со 180 коњски сили.
Основната верзија нема можност за полнење на батеријата од надворешни извори, па така моторот со 60 коњски сили е вграден во шестстепениот автоматски менувач, а електрична енергија добива од батерија наполнета од мотор со внатрешно согорување или се полни со претворање на кинетичката во електрична енергија. Максималната моќност на овој погон достигнува 230 коњски сили. Меѓутоа, кросоверот напојуван на овој начин не е во состојба да понуди тивок режим на возење, бидејќи капацитетот на литиум-јонската батерија, сместена под задната клупа, е само 1,49 kWh.
Следната хибридна верзија е понапредна. Станува збор за PHEV издание што носи батерии под подот на патничката кабина. Самите „резервоари за електрично гориво“ се повеќе капацитивни, па затоа складираат 13,8 kWh електрична енергија. Тука, електричниот мотор има 91 коњски сили, додека максималната моќ на новитетот во оваа модификација е на ниво од завидни 265 коњски сили.
Новата генерација на Kia Sportage ќе биде во европските салони пред крајот на оваа година, а можеби и порано.