За шестата генерација на Astra од Opel велат дека е „започнување на нова ера“ во 30-годишната успешна приказна, бидејќи автомобилот ќе биде достапен и со електричен погон.

Новитетот ќе се нуди и како plug-in хибрид со две нивоа на изведба. Една година откако ќе се појави на пазарот, новата генерација ќе биде достапна и како електрична – Astra Е. Секако тука се и верзиите со бензински и дизел мотори во комбинација со 6-степен мануелен менувач и 8-степен автоматик.

Зборувајќи за алтернативен погон, Astra ќе има „по нешто за секого“. Тоа е првиот модел на Opel кој на клиентите им нуди избор помеѓу целосно електричен погон, plug-in хибрид или мотор со внатрешно согорување. Опсегот на моќност се движи од 110 КС (81 kW) до 225 КС (165 kW).

Филозофијата на дизајнот исто така се променила. Новата Astra е „подинамична од кога било“ и користи чисти, затегнати површини и без непотребни елементи. Тука е и новото „лице на марката“ – Opel Vizir. Во однос на технологија, новата Astra ја користи најновата верзија на прилагодливи фарови Intelli -Lux LED Pixel со 168 LED елементи, преземени од водечкиот модел на Opel – Insignia.

Во внатрешноста на шестата генерација е сместена целосно дигитална инструмент табла Pure Panel. „Новиот интерфејс со свежа, модерна графика им нуди на клиентите чисто, поинтуитивно искуство.” Поставките како што е контролата на климата се уште може да се прилагодат со помош на физички прекинувачи и копчиња. Тука се и други карактеристики како што се head-up дисплеј, полуавтоматизиран систем Intelli-Drive 2.0 кој ги интегрира сите камери и сензори користејќи поврзување со е-хоризонт и Intelli-Vision камера со екран од 360 степени.

На врвот од погонската понуда ќе има plug-in хибридна верзија. Станува збор за погон кој развива 225 КС (165 kW) и 360 Nm вртежен момент, комбинирајќи 4-цилиндерски и електричен мотор. Втората хибридна верзија ќе произведува 180 КС (132 kW) и 360 Nm вртежен момент, во овој случај, комбинација од бензин и електричен мотор. Помоќната plug-in хибридна верзија до 100 km/h ќе забрзува за 7,7 секунди, додека другата за 7,9 секунди, а развиваат максимална брзина од 235, односно 225 km/h, соодветно.

За да возите во град без емисии, можно е лесно да се избере електричeн режим на работа. Потоа, благодарение на батеријата од 12,4 kWh, новата Astra Hybrid вози до 60 километри според WLTP исклучиво на електрична енергија. Другите опции за погон вклучуваат три-цилиндeрски бензинец од 110 КС (81 kW) или 130 КС (96 kW) и 230 Nm вртежен момент, или четири-цилиндерски 1.5 дизел со 130 КС (96 kW) и 300 Nm на вртежен момент момент.

Книгите за нарачки се отвораат подоцна оваа година, а првите испораки се очекуваат на почетокот од следната година. Првите модели ќе пристигнат во форма на спортски модел со пет врати со линии слични на купе, додека караванот Astra Sports Tourer ќе биде претставен веднаш по него. Една година потоа, ќе се случи премиерата и на целосно електричната Astra.