Електричното теренско возило RS Q e-tron кое му служи на Audi како „лабораторија за тестирање за идните технологии“, во јануари ќе се справува со предизвиците кои ги носи едно од најтешките релија во светот

Релито Дакар е едно од најтешките релија не само за возачите, туку и за возилата. Со децении се организира на тежок, песочен терен, каде што одделни делови често се долги неколку стотици километри. Audi планира да испрати електричен автомобил за да се натпреварува во овие услови.

Се разбира, не било каков. Audi RS Q e-tron е извонредно теренско возило кое од компанијата го нарекуваат „електрифицирана најсовремена лабораторија за тестирање“. Возилото е специјално подготвено за услови на рели, вклучително и правци што се протегаат низ пустината до 800 километри.

Се разбира, нема да има попатни станици за полнење каде возачот би можел да ги дополни батериите на електричниот теренец. Затоа Audi направил компромис. RS Q e-tron ќе има TFSI мотор од тркачката серија DTM, кој е дел од енергетскиот конвертер кој ја полни високонапонската батерија од 370 kg со капацитет од околу 50 kWh за време на возењето.

Единицата се очекува да работи во опсег од 4.500 до 6.000 вртежи во минута, а специфичната потрошувачка на гориво ќе биде далеку под 200 грама на kWh. Тркалата ќе се придвижуваат со електрични мотори, но електричната енергија ќе ја произведуваат генератори.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1WPZgDHXfWsfnmNbj6p1Y6cIV7RFWSMgv” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

На Audi RS Q e-tron му треба само еден степен на пренос за да вози напред, а вртежниот момент ќе се дистрибуира практично помеѓу оските, со што ќе се елиминира потребата за механички диференцијал (заштеда на тежина и простор). Максималната моќност на автомобилот ќе биде 500 kW, но се уште не е јасно колку од него може да се искористи за време на релито Дакар.