Следното засилување на гамата на новата Mercedes Ѕ-класа го претстави дивизијата Guard, која работи како дел од групата од Штутгарт. Станува збор за блиндиран седан кој носи обемно име: Mercedes-Benz S 680 Guard 4Matic

Оклопниот седан е целосно усогласен со нивото на заштита VR10 опишано во стандардот VPAM, што значи дека германскиот седан е во состојба да го зачува својот интегритет дури и пред оклопната запалива муниција која ја користи руската пушка SVD со калибар 7,62 × 54 mm.

На пример, поранешната блиндирана Ѕ-класа, како и сегашниот пандан со четири прстени, седанот Audi A8 Security го носи „заштитниот фактор“ VR9, додека само одредени делови од каросеријата се доволно силни за да го носат рејтингот VR10. Повисоки нивоа на заштита може да се добијат само во категоријата специјални возила.

Специјалистите од одделот Guard не го откриваат точниот рецепт по кој се воделе при изработката на новата оклопна Ѕ-класа. Но, може да се извлечат некои заклучоци, засновани на достапните информации. На пример, ако повеќеслојните прозорци, односно стаклото на нив, порано беа со дебелина од 6 сантиметри, сега се со дебелина од 10 сантиметри. Покрај тоа, сите четири врати имаат хидраулично придвижувани прозорци, додека претходно беа пневматски.

Познавачите од Guard во целост ја редизајнирале каросеријата на оригиналната S-класа. Под „кожата“ на познатите панели на каросеријата, има различна оптимизирана структура прилагодена на блиндираната обвивка.

Судејќи според фактот дека блиндираната новина е само сто килограми потешка од претходникот (4,3 тони), проширена е употребата на модерен керамички оклоп, иако челикот останал во употреба.

Дополнително заштитената S-класа може да се нарача само во конфигурација со збогатено меѓуоскино растојание и патничка кабина прилагодена за превоз до пет патници. Скоро сите опции од „обичната“ S-класа се исто така достапни. А, специјалната опрема вклучува апарат за гаснење пожар, шише со кислород, како и токи-токи што би се користело за комуникација со луѓе кои се на улица. Може да се нарачаат и специјални фабрички сигнали, како и столбови за знамиња. Патем, надворешните рачки за отворање на вратите не се оние што се извлекуваат, туку вообичаените, оние кои се воведна понуда. Тоа е затоа што за заштита на луѓето од таканаречената ВИП категоријата, се користат само сигурни и докажани технички решенија.

Mercedes-Benz S 680 Guard 4Matic е придвижуван од мотор кој најдобро го опишуваат алфанумеричките ознаки: V12 6.0 biturbo (612 коњски сили со 830 Nm максимален вртежен момент), комбинација што може да се добие само со перформансите на Maybach како „цивилна“ верзија на новата генерација на Ѕ-класата.

Новото издание е првото фабричко оклопно возило, кое нуди погон на сите четири тркала, бидејќи Guard претходно конструираше само варијанти со погон на задните тркала, дури и кога користеа мотор V8. Максималната брзина е ограничена на 190 km/h.

Менувачот има засилена структура, додека поголемиот дел од системот за суспензија е променет во однос на обичните модели со ознака S-класа. Вообичаено, монтирани се PAX тркала со платинести влошки кои овозможуваат возење на такви автомобили дури и по оштетување. Сепак, максималниот дозволен опсег со „искинати“ гуми е само 30 километри.

Новиот Mercedes-Benz S 680 Guard 4Matic е веќе достапен за нарачка. Почетната цена во Германија е на ниво од 547 илјади евра, додека за изработка на една копија се потребни 51 работен ден. 

Германските медиуми објавија дека оваа изведба ќе биде единствената верзија на новата оклопна Ѕ-класа која ќе биде потпишана од Guard. Ова практично значи дека не се очекува седанот Pullman Guard, барем не со оваа генерација.