Peugeot ја надополнува својата палета на lifestyle производи и ја консолидира својата позиција во високиот пазарен сегмент со куфер за рачен багаж со своето ново лого

Создаден врз основа на моделот Samsonite C-Lite, неговиот иконски дизајн ќе им се допадне на фановите на брендот Peugeot. Тој е издржлив, лесен и практичен, со четири тркала, што го прави идеален за викенди или службени патувања. Овој нов куфер за рачен багаж е достапен во онлајн бутикот на брендот – www.boutique.peugeot.com.

Земајќи ја предвид тесната врска на автомобилскиот свет со патувањата, Peugeot ги здружил силите со Samsonite за продажнба на својот куфер за рачен багаж. Двата бренда на овој начин ја реафирмираат својата позиција во сегментот на првокласни производи и настојуваат да привлечат патници. Иконскиот дизајн на куферот, кој потсетува на школка, е неразделен од цврстата палета на производителот на производи за багаж. 

Новиот производ за рачен багаж со логото на Peugeot се вика Samsonite C-Lite. Материјал од кој е изработен е тврд и лесен, што му дава голема издржливост. Неговите димензии (55 х 40 х 20 до 23 см со продолжеток) и неговата тежина од 2,1 кг го прават идеален придружник за викенди или кратки патувања со автомобил, воз или авион. Четирите тркала и телескопската рачка со двојна цевка го олеснуваат движењето.

Овој нов универзален куфер, произведен во Европа, ја надополнува линијата за производи за багаж на Peugeot, како и палетата облека и производи потпишани со идентитетот на новата марка. Достапен е во онлајн продавницата https://boutique.peugeot.com. Партнерството меѓу двата бренда може да доведе до создавање и на други модели, а тоа ќе стане познато во последниот квартал од 2021 година.