Фотографијата од овој малку бизарен римејк на малиот Fiat 500 неодамна се појави на Reddit и предизвика голем интерес

Бизарниот Fiat 500 на прв поглед изгледа како да излегол од гаражата на некој обожавател на култната бритаnска ТВ серија Only Fools and Horses, но вистинската прикацна е вистинско изненадување. Ваквите модификации се нешто почести на германските патишта, а освен кај Fiat 500, слични модификации може да се најдат и на VW Polo, Seat Ibiza и Škoda Fabia, односно градски модели со прифатлива цена.

Обработката ја нуди компанијата Ellenator, а во неа е вклучена и обработка на моторот со цел да се намали моќноста. Работата е генијална бидејќи ваквата обработка го става автомобилот во категоријата L5e, што значи дека малолетници постари од 16 години можат да ги возат.

Родителите кои сакаат нивните деца да бидат побезбедни во сообраќајот отколку што би биле со мопед, можат да изберат ваков вид обработка. Измената вклучува замена на задната оска и инсталирање на нова со две 14-инчни тркала na rastojanie od десет сантиметри. Новите тркала влегуваат во просторот на багажникот, додека страничните отвори се затворени со лимени плочи.

Конечно, тука е и обработката на електрониката за да се ограничи моќноста на моторот на 20 КС. Така бара законот за класата на трицикли L5e, но и разумот, бидејќи новата архитектура во голема мера влијае на динамичката стабилност на возилото.

Цената на обработката е 5.980 евра. Добрата вест е дека кога тинејџерот ќе стане полнолетен и ќе го положи возачкиот тест, можно е лесно да изведе конверзија на возилото во првобитната состојба.

https://youtu.be/b4PqGzzhaXo