Директорот за трки во Formula 1, Мајкл Маси го предупреди Red Bull дека повеќе нема да се толерираат прославите на Макс Ферстапен како онаа на „Red Bull Ring“ изминатиот викенд

Возачот на Red Bull триумфираше во трката за Големата награда на Штаерска, по што реши да го остави „својот потпис“ на патеката, односно да остави трага од гуми пред позицијата каде што беше неговиот тим.

„Не беше идеална ситуација. Разговарав со тимот веднаш потоа и им реков дека нема да толерираме такво нешто во иднина“, изјави Маси.

Она што не им се допадна на челниците на Formula 1 е локацијата каде што Ферстапен ја „прослави“ победата и фактот дека можеше да ги загрози другите возачи.

Ферстапен води во генералниот пласман за возачи со 156 бода, 18 повеќе од Хамилтон.

Formula 1 ќе остане на Red Bull Ring и следната недела, бидејќи шампионатот продолжува на 4 јули со Големата награда на Австрија.