Првиот заеднички електричен автомобил на Ford и VW ќе биде близнак на ID.4
Кросоверот ќе добие германска платформа и американски дизајн
Договорот меѓу Ford и Volkswagen ќе започне да раѓа соплод во 2023 година, кога американскиот производител ја започнува својата офанзива во Европа со електричен кросовер, кој ќе се позиционира под Mustang Mach-E во гамата на брендот.
Ова ќе биде првиот електричен автомобил изграден во фабриката на Ford во Германија. За оваа цел, инвестирани се 820 милиони евра во компанијата, а кросоверот ќе се произведува заедно со Fiesta, чиј животен циклус ќе заврши во 2025 година.
Новиот модел ќе биде првиот Ford изграден на платформата МЕВ на VW групата за електрични возила. Во неговата основа ќе биде кросоверот VW ID.4, а ќе биде достапен во две модификации – стандардна и крос-купе верзија.
Досега, Американците не објавија дали имаат намера да користат некое историски значајно име за Ford, како што тоа го сторија со Puma, Mach-E и Bronco. Сепак, малку е веројатно дека името Mondeo ќе продолжи да живее, напротив, моделот најверојатно ќе добие целосно ново име – како што тоа се случи со Evos во Кина.
Токму од Evos ќе биде позајмен голем дел од ентериерот и системите на електричниот автомобил. Извесно е дека новитетот ќе добие нов инфо-забавен систем од новата генерација базиран на Android.
Во однос на погонот, новиот Ford ќе го реплицира VW ID 4. Ќе биде достапен и со погон на задните тркала и со погон на четири тркала. Моќта на единиците ќе варира од 146 до 201 КС, а во подоцнежна фаза ќе се појави GT верзија со 295 КС. Капацитетот на стандардната батерија за моделот ќе биде 52 kW/h, кој треба да обезбеди домет од 342 километри. Достапна ќе биде и батерија со 77 kW / h за автономија до 482 километри.