Хрватскиот електричен хиперавтомобил четврт милја минува за 8,62 секунди што е нов рекорд

Ferrari SF90 Stradale е апсурдно брз автомобил кој може да се справи со секој ривал во својата класа, но не и со штотуку преставениот Rimac Nevera. Ова е јасно од видеото објавено од страна на Carwow, чиј тим беше поканет на во Хрватска на трката за забрзување помеѓу двата автомобили.

Британците го донеле SF90, чиј погон е 4.0-литарски twin turbo V8 мотор и три електромотори со вкупна моќност од 986 КС. Официјално објавено од Ferrari, забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,5 секунди, но на независните тестови автомобилот успеал да постигне и 2,1 секунда. Времето за да се помине четврт милја е 9,62 секунди.

Најдобриот резултат на SF90 на трката во Хрватска е забележан во вториот обид – 9,60 секунди. Ова е прилично импресивно, со оглед на тоа што Bugatti Chiron Sport истото го има направено за 9,4 секунди во 2018 година.

Најдоброто време на денот сепак е 8,62 секунди остварено од Nevera што е буквално понижување за противникот. Според сопственикот на хрватската компанија Мате Римац, досега тој и неговиот тим постигнале 8,7 секунди, така што ова е најдоброто достигнување во историјата (неофицијално).

Nevera се напојува со 4 електромотори – по еден на секоја оска, со вкупна моќност од 1.914 КС. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 1,85 секунди, а до 300 km/h – 9,3 секунди. Батеријата со капацитет од 120 kW/h обезбедува домет од 547 километри.