По освежувањето на Tiguan, време е за освежување и на Tiguan Allspace / ФОТО+ВИДЕО
Ажурирањето на SUV гамата на Volkswagen продолжува. На ред е останатиот дел од семејството Tiguan
VW Tiguan е сè уште најуспешниот теренец во Европа и еден од најуспешните модели во оваа класа ширум светот. Дебитираше во 2007 година и од тогаш продадени 6,4 милиони единици. Во 2015 година беше лансирана втората генерација, која беше изградена на платформата MQB, а две години подоцна се појави верзијата Tiguan Allspace.
Првично замислен како Tiguan со седум седишта, но исто така и како попривлечна замена за моноволумените кои веќе не се во мода, Tiguan Allspace лесно го најде своето место и на Стариот континент. Досега се продадени повеќе од 1,5 милиони единици ширум светот, а во моментов има 55% удел во вкупната продажба на Tiguan генерално.
После ажурирањето на Tiguan минатата есен, сега е на ред и Allspace. Новиот Golf е централна тема, како во дизајнот, така и во технологијата. Продолжениот Tiguan и понатаму нуди до седум места за патници и од 700 литри до скоро два кубни метри товарен дел, а сега ќе го препознаете, меѓу другото, и по IQ.LIGHT LED matrix светлата. Редизајнот донел уште 22 mm во должина до крајните 4.723 mm, додека кабината е збогатена со дигитален кокпит. Опремата е многу богата, па така моделот доаѓа со стандардна тризонска клима, head-up дисплеј, систем за асистенција и автоматизиран Travel Assist систем за автономно возење… Од списокот на опциинални додатоци се издвојуваме премиум аудио системот Harmon Kardon со 16-канален засилувач од 480 W и 9 звучници.
Моторната гама се состои од три бензинци TSI и два дизела TDI, комбинирани со погон 4Motion и менувач DSG, секако со доплата. Базниот мотор е 1.5 TSI со 150 КС, проследен со 2.0 во верзии со 190 и 245 КС. Дизелот е 2.0 TDI, достапен во верзии со 150 и 200 КС. Plug-in хибриди нема.
Продажбата во Германија започнува за неколку недели, а ќе бидат понудени нивоа на опрема – Life, Elegance и R-Line. Стартната цена е околу 36.000 евра.