Концернот ќе ја изнајмува технологијата на своите клиенти за 7 евра на час

Автомобилската индустрија постојано се менува и производителите се принудени да прават поекономични возила. Во исто време, клиентите сакаат нивните автомобили да имаат повеќе опции, но коранавирусот и недостатокот на чипови ја комплицираат ситуацијата. Ова создава проблеми, но отвора и нови можности, а Volkswagen има идеја како да ги зголеми своите приходи во овие услови.

Според шефот на продажба и маркетинг во Volkswagen – Клаус Зелмер, ажурирањето на системите во автомобилот им дава огромни можности на производителите. Тој открива дека неговата компанија ќе произведува автомобили со сите достапни технологии, наместо да го прилагодува секој автомобил според преференците на клиентот.

„Ова ќе ги намали трошоците за производство, што значи дека автомобилите ќе бидат подостапни за клиентите. Во исто време, тие ќе можат да изнајмат одредени функции, како што е системот за самостојно управување, на пример. И тие ќе бидат задоволни што нивните автомобили ќе можат да се движат сами“, објаснува Зелмер.

Тој додава дека целиот овој систем се базира на моделирање на приходи и расходи. Ако земете, на пример, автопилот од ниво 4 (возачот не учествува во управувањето со возилото), тогаш неговата цена е 5-цифрена сума во евра и тешко дека некој ќе ја плати, бидејќи оваа технологија не е за сериско производство.

„Ако земеме готов корпус кој го ставаме во автомобилот и потоа го вклучуваме и исклучуваме од далечина, тоа ќе биде многу поевтино. Пресметавме дека ако добиеме 7 евра на час за автономен режим од 4-то ниво, тоа ќе биде економски оправдано“, категоричен е Зелмер.