Компактниот модел ќе се вика Tuo, Domo или Pulse, во зависност од тоа кое име ќе добие најмногу гласови

Fiat објави нови фотографии од за сега неименуван компактен кросовер, кој наскоро ќе се појави на пазарот во Јужна Америка. Во моментов, на веб-страницата на бразилската филијала на брендот се гласа, а изборот е помеѓу три имиња – Tuo, Domo или Pulse. Моделот на локалниот пазар треба да дебитира во септември.

Кросоверот е изграден на платформата MLA, а производителот ветува „подобрени динамички карактеристики, сигурна конструкција и удобност при патувањето“. Во основата на моделот, моментално познат како Project 363, е хечбекот Argo.

Меѓу карактеристиките на новиот кросовер се и оригиналниот дизајн на предниот и задниот дел, како и пластичните заштитни елементи по целиот должина на каросеријата. Опремата на автомобилот ќе вклучува LED светла и адаптибилен темпомат.

Се претпоставува дека новиот модел ќе се нуди со 1.3-литарски бензински атмосферски мотор со 110 КС или со 1.0-литарски турбо-мотор со 3 цилиндри и 125 КС. Во овој случај, менувачот е 6-степен автоматски.