Лансиран во 2016 година, со продажба во над 60 земји, Kodiaq досега е продаден во над 600.000 примероци, вклучувајќи го и спортскиот GT, достапен исклучиво во Кина

Може да се нарача во конфигурација со пет и седум седишта, а се произведува во четири фабрики и претставува огромен комерцијален успех за чешката марка.

Дизајнерските ажурирања на прв поглед и не се толку приметливи, освен ако не сте голем познавач на Kodiaq. Редизајнирана е хаубата и решетката на ладилникот, додека куќиштата на фаровите се потесни од порано, прифаќајќи ја технологијата LED Matrix како опција. Освежениот Kodiaq има поаеродинамичен од претходно, по ажурирањето на браниците и инсталирањето на нов спојлер на покривот.

Во зависност од пакетот на опрема, рестилизираниот SUV може да се нарача со тркала од 17 до 20 инчи, од кои некои се дизајнирани да ја намалат отпорноста на воздухот. Перформантниот RS се потпира на 20 инчи тркала, со металик црн финиш и аеродинамични пластични штитови. Верзиите кои се подолу во гамата добиле и нови бандажи, така што клиентите можат да уживаат во повеќе опции.

Кога станува збор за салонот, со рестилизацијата опционално се достапни ергономски седишта тапацирани со перфорирана кожа, а се карактеризираат со функција за масажа, греење и, се разбира, електрично прилагодување. Во некои нивоа на опрема, достапни се „еколошки“ седишта, тапацирани со рециклирани растителни материјали, додека основниот модел добил тапацир од нова ткаенина. Опционалниот пакет М за пакетот опрема Style нуди комбинација на кожа и ткаенина.

Воланот со два крака сега е достапен и во Kodiak, а пософистицирано е и LED амбиенталното осветлување. Тука е и надградениот аудио систем Canton со 10 звучници (претходно 8) и сабвуфер во багажникот, заедно со нов 10,25-инчен кластер за дигитални инструменти и 9,2-инчен екран за мултимедијата.

Најавено и претходно, Kodiaq RS се откажува од двојниот турбодизел. Наместо тоа, на сцена стапува 2.0 TSI, од Octavia RS, и кој во своето најмоќно издание обезбедува 245 коњи, пет повеќе од BiTDI. Исто така е полесен за 60 килограми, додека ревидираниот, седумбрзински DSG изгубил дополнителни 5,2 килограми. Од Škoda не ги објавија податоците поврзани со максималниот вртежен момент, но како потсетување дека кај Octavia RS тој е 370 Nm, така што е доста понизок во споредба со 500 Nm што ги испорачува TDI.

Што се однесува до останатиот дел од моторната гама, тука е 1.5-литарскиот TSI со 150 КС во основната верзија со погон на предните тркала. Во исто време, ова ќе биде единствената верзија со шестстепен мануелен менувач. Достапен е и помоќен 2.0 TSI со 190 коњски сили, исто како и 2.0 TDI Evo со 150 или 200 КС. Во зависност од погонскиот систем, клиентите можат моделот да го нарачаат со седумстепен DSG и по избор со погон на сите четири тркала.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1_bATe9LRM7fKc_gavAtqE30zqtLNN5FI” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на рестилизираниот Škoda Kodiaq ќе започне во јули.