Максималната брзина на автомобилите потешки од 1.500 кг да се ограничи на на 90 km/h

Во ЕУ владее приличен хаос кога станува збор за електрификација и намалување на емисиите на штетни гасови. Релевантни истражувања покажуваат дека клиентите сè уште сакаат SUS возила, додека продажбата на автомобили со батерии расте, но нивната цена не паѓа!

Во земјата на Галите деновиве во весниците може да се прочитаат секакви соопштенија. Повеќето од нив главно се поврзани со почетокот на претседателската трка, бидејќи за помалку од една година се одржуваат нови избори за клучната позиција во француската држава. Зелената партија допрва ќе го избере својот кандидат за изборите, а јавното наддавање за потенцијалните кандидати веќе е започнато.

EELV, како што гласи акронимот за партијата на „еколошки освестени“ во Франција, инсистира на тоа дека мора да се стори нешто во врска со намалувањето на штетните емисии на гас во транспортниот сектор. Тие наведуваат дека според извештајот на магазинот Environmental Research, еден од пет смртни случаи на луѓе на глобално ниво е поврзан со загадувањето на воздухот.

За ELV, автомобилите се една од клучните ставки. „Мораме да го смениме ставот за автомобилите, од лично во заедничко возило“, се наведува во една од промотивните брошури на партијата. Тие инсистираат на премин кон електрични модели, со подобар јавен превоз и поттикнување на употреба на велосипеди и, се разбира, пешачење.

Но, оваа политичка партија е особено опседната со SUV моделите. Факт е дека овие се големи и масивни и затоа испуштаат повеќе штетни гасови од нивните роднини со помал растојание од земјата. Затоа, „еколошки освестените“ предлагаат воведување мерки што ќе ги спречат луѓето да поседуваат и да купуваат вакви возила.

Затоа, тие сакаат да ја ограничат максималната брзина на автопатот до 90 km/h за сите автомобили кои тежат повеќе од 1.500 килограми! Сепак, ваквиот предлог изгледа сосема ирационален. Од друга страна, француската држава веќе има план како да се регулира прашањето за се потешки возила – со едноставен данок таканаречен Малус кој ќе биде наметнат од 2022 година за сите автомобили со тежина поголема од 1.700 килограми.

Секако, после тоа, ќе дојде до прогресивно намалување на оваа граница, така што форсирани ќе бидат автомобилите со помала тежина. Сосема е веројатно дека лудиот предлог за максимално ограничување на брзината нема да стане законска норма.