Не за секој е Ferrari / ВИДЕО
Италијанската марка има создадено многу уникатни автомобили. Еден од најдобрите во 90-тите години е токму овој модел
Ferrari 348 се произведуваше шест години – од 1989 до 1995 година, и беше предмет на желба на скоро сите вистински љубители на автомобилите. Произведени се само 8.000 примероци.
Срцето на овој суперавтомобил е 3.4-литарскиот V8 мотор кој генерираше 300 до 320 коњски сили. Трансмисијата е 5-степен мануелен менувач кој целиот свој потенцијал го насочува кон задната оска. Вредности доволни за забрзување до 100 km/h за 5,6 секунди и максимални 275 км на час.
Видеото е доста старо, но доказ дека не секој заслужува да добие шанса да поседува aвтомобил како овој…