Renault го продава својот удел во Daimler
Со добиените средства, Французите ќе надоместат дел од загубите во 2020 година
Renault Group се подготвува да го продаде својот удел во Daimler за 1,2 милијарди евра за да покрие барем дел од финансиските загуби забележани во 2020 година, кои достигнале рекордни во историјата на компанијата 8 милијарди евра.
Францускиот производител во моментов поседува околу 1,5% од Daimler и наводно веќе има купувач на кој би ги продала своите акции. За сега, детали не се откриваат. Сепак, Renault коментира дека и покрај продажбата на акции, долгорочното партнерство со германскиот производител ќе продолжи.
Приходите од продажбата ќе и овозможат на француската компанија „да го забрза намалувањето на финансиското задолжување за својот автомобилски бизнис“, велат од Renault. Компанијата веќе ги предупредила инвеститорите дека претстои уште една тешка година, во која францускиот производител најверојатно повторно ќе биде во загуба, како во 2020 година.
Досега Daimler официјално не ги коментираше намерите на својот француски партнер. Сепак, акциите на германскиот концерн значително скокнаа откако се дозна дека производителот ќе се подели на две засебни компании – за лесни и комерцијални автомобили и камиони и автобуси.