Renault Twingo, Clio и Kia Stonic може да се купат во продавниците на Lidl…
Renault Twingo, Clio и Kia Stonic може да се купат во продавниците на Lidl… но само во Германија
Ланецот супермаркети Lidl неодамна најави продажба на автомобили во Германија! Нормално за Lidl, со намалени цени. Во 2016 година Lidl го распродаде Fiat 500 во рекордно време. Сега се обидува да експериментира со три модели, но само во Германија!
Овие автомобили се нудат во форма на 48-месечен закуп. За оваа комерцијална операција, Lidl соработува и со компанијата за изнајмување автомобили Sixt. Се нудат вкупно три модели. Првиот е Renault Twingo (Life) кој се продава за само 99 евра месечно. Вториот е Renault Clio 5 (Life) кој се нуди по цена од 109 евра месечно додека третиот е кросоверот Kia Stonic кој се продава по цена од 135 евра месечно.
Иако првите два автомобили на Renault се помалку опремени, Kia Stonic не е и нуди paket опрема Vision која има 17-инчни алуминиумски тркала, Apple CarPlay и Android Auto итн. Покрај тоа, Lidl нуди услуги како што се испорака на возило, договор за одржување од 20,80 евра месечно, па дури и осигурување. Може да се претпостави дека лизингот на автомобилот на Lidl подоцна ќе се прошири и во другите европски земји.
Во меѓувреме, имајте на ум дека и други трговски ланци прават слични работи како Е. Леклерк, кој изнајмува автомобили. Во март и април 2021 година, тие ќе ja изнајмуваат новата Dacia Spring по цена од само 5 евра на ден. Други модели во каталогот се Renault Twingo, Renault Clio, Fiat Tipo итн.