Најавен наследникот на Toyota Aygo
Очекувањата се дека Yaris, Yaris Cross и новиот модел од А-сегментот да донесат годишно производство на возила засновани на платформата GA-B од над 500.000 единици во Европа
Toyota официјално ја објави континуираната посветеност на важниот европски А-сегмент, потврдувајќи дека ќе се произведува и трет модел базиран на платформата GA-B. Идниот модел, кој ќе биде директен наследник на малиот градски модел Aygo, ќе биде базен модел на Toyota и ќе ја задржи клучната димензија – достапност. Дали новиот модел навистина ќе се вика Aygo, останува да видиме.
Од сосема разбирливи причини, брендот сака да го искористи фактот дека нивните клучни ривали го напуштаат А-сегментот поради намалените приходи, тесните маргини и се построгите цели на емисија на СО2. Силното хибридно присуство на Toyota значи дека има слобода да произведува мал автомобил со SUS мотор со многу помал ризик од кршење на законите за емисија на СО2 од нивната гама на модели.
Градските автомобили, играат голема улога во европските производствени операции на Toyota. Aygo е изграден заедно со Peugeot 108 и Citroen С1 во заедничкиот производствен погон на PSA-Toyota во Колин, Чешка од 2005 година. Во јануари 2021 година, Toyota ја презеде целата фабрика и ќе продолжи да ја произведува сегашна генерација на Aygо заедно со 108 и C1 градските автомобили за Peugeot и Citroën.
Развојот на нови платформи на Toyota според филозофијата Toyota New Global Architecture (TNGA) донесе подобрувања во возењето, управувањето, безбедноста и стилот на низа понови модели. На пример, новиот Yaris, кој пред само два дена ја освои наградата за Европски автомобил на годината за 2021 година (COTY) базиран на платформата GA-B, е многу добро прифатен од европските клиенти поради неговиот динамичен стил, исклучителен изглед, ефикасност, но и брзо реагирачки хибриден погон и исклучителна динамика при возење, како и водечка безбедност во класата.
Подеднакво важен е и изборот на погонскиот систем. Новиот Aygo може да користи подобрена верзија на 1.0-литарскиот 3-цилиндерски бензинец или 1.5-литарскиот мотор од Yaris без електрична помош. Денес, во А-сегментот во голема мерка доминираат производи напојувани од SUS мотори, илустрирајќи дека буџетот е клучен проблем – а од пазарна гледна точка на пазарот, оваа силна комбинација продолжува, особено за клиентите каде достапноста е доминантен фактор.