Информациите се темелат на база на истражувањето и извештајот на агенцијата Northgate

Според извештајот во кој се анализирани релевантните податоци од 44 европски земји. Извештајот вклучува такси за употреба на мостови, тунели и автопатишта, без да се земат во предвид вињетите кои се користат во некои земји.

Дали ова лето ќе може слободно да се патува и летните одмори да се користат во соседството и некоја европска дестинација, сеуште е тешко да се каже и предвиди, со оглед на новата ситуација поврзана со пандемијата на коронавирус и темпото на вакцинација, насекаде во Европа. Секако многумина доколку се отвори и најмала шанса, ќе ја искористат и ќе заминат на некоја топла дестинација, море…

Иако најчесто е најевтино, а според други параметри и најрационално да се патува со авион, каде и да е можно, вљубениците во возењето и автомобилизмот тешко се откажуваат од воланот. Тоа повлекува значителни трошоци за гориво, за подолги растојанија, а има и други трошоци, вклучувајќи ги и оние поврзани со употребата на јавни патишта, кои секако не се занемарливи. Токму оваа цена варира значително од држава до држава.

Добрата вест од анализираните 44 земји е дека приближно четвртина од нив воопшто не наплатуваат патарина, иако за некои од нив се потребни вињети (како алтернативна форма на наплата за користење на јавните патишта на одреден период).

Што вели извештајот? Дека Франција е најскапа по ова прашање покажува и фактот дека е потребно да се издвојат 58,31 евра за патување од Париз до Марсеј, што оваа рута ја поставува на „пиедесталот“ – најскапа во Европа, кога ќе се земе предвид патарината. Износот се однесува на ситуации во кои се користи семеен автомобил на автопатите А6 и А7, иако тука треба да се нагласи дека во Франција има многу достапни алтернативни патишта каде што употребата воопшто не се наплатува.

Патувањето со автомобил од Милано на северот на Италија до Неапол на југот, ќе го олесни буџетот на возачот за 56,25 евра (повторно – за сегментот на патнички автомобил), така што оваа рута е втора на листата на најскапи во Европа. Финансиски е скоро подеднакво тешко кога возите по автопатот меѓу норвешките градови Боде и Осло.

Тука некаде на спиокот е и Македонија односно рутата долга 37 километри, која ги поврзува Петровец и Велес, а која чини 1,28 евра.

Најскапата тарифа за поминување низ еден тунел во Европа се наплатува за оној што ги поврзува Италија и Швајцарија (Great St. Bernard) 25,34 евра. Наспроти тоа, најевтина е добро познатата Созина во Црна Гора, каде за патарина се плаќа 2,46 евра, се вели во извештајот на британската куќа. Мостот што ги поврзува Норвешка и Шведска, Svinesundsbron, се преминува откако ќе платите 1,93 евра, додека преминувањето на мостот Storebælt во Данска чини 7,14 евра. Треба да се нагласи дека мали разлики има и поради конверзијата на британските фунти во евра.

За жал, креаторите на извештајот не се занимавале со висината на надоместокот за користење јавни патишта по километар, но и тоа не е толку тешко да се направи, само ако сте доволно љубопитни. 

За повеќе инфо, бројки… појдете на следниот линк.