Во 2025 година, Renault ќе има само еден бензински и еден дизел мотор
Доаѓаат големи промени во автомобилската индустрија
Со строгиот стандард за емисија на штетни гасови Еуро 7, многу бензински и дизел мотори ќе исчезнат во 2025 година, а Renault и директорот Лука де Мео објавија како сето то ќе изгледа во интервју за Automotive News Europe.
Визијата е да се рационализира бројот на мотори од денешните осум главни групи (четири бензински мотори, три дизел мотори и еден електричен мотор) до еден бензински, еден дизел и два електрични мотори. Се подготвува нов бензински 1.2-литарски 3-цилиндерски мотор, дизелот ќе се користи за лесни комерцијални возила, а се подготвуваат две нови електрични конфигурации (едната ќе користи и водороден систем за комерцијални возила).
Времето кога можеше да избере помеѓу два, три, четири бензинци или два дизела полека стануваат минато. Сето ова драстично ќе се намали.