Според некои медиуми, Mitsubishi може да ја поништи одлуката за напуштање на европскиот пазар, поради зголемениот притисок од партнерите Renault и Nissan

Mitsubishi минатата година објави дека ќе престане да воведува нови модели на европскиот пазар, како дел од пренасочувањето на својот фокус кон попрофитабилниот азиски пазар, со цел намалување на трошоците и подобрување на оперативниот профит.

Сепак, најновите вести велат дека Mitsubishi наводно може да го пренесе производството на некои модели во фабриките на Renault во Франција. За ова меѓу другото пшува Financial Times, повикувајќи се на внатрешни извори од алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi.

Се наведува дека трите компании постигнале прелиминарен договор, но и дека конечната одлука треба да биде донесена деновиве. Според одредени извори, договорот сепак може и да пропадне.

Информциите велат дека шефовите на Mitsubishi (34% сопственост на Nissan, во кој Renault има удел од 43%) не сакаат француската политика да влијае на стратегијата на алијансата.

Сепак, евентуалното повторно воведување на нови модели на Mitsubishi на европскиот пазар отвора можност неодамна претставениот нов Outlander да се појави на Стариот континент.