Неверојатна приказна за веројатно најпознатата маскота во автомобилската индустрија


Ниту еден Rolls-Royce не би бил комплетен без култната скулптура на жена на крајот од долгата хауба. Фигурата е поставена на ова место пред 110 години и во оваа прилика британскиот производител открива како изгледа процесот на производство и како фигурата стигнала на ова место.

Во пионерските автомобилски времиња, на почетокот од 20 век, металните фигури кои елегантно стоеле на краевите на долгите хауби, не биле ништо необично. Производителите па дури и сопствениците на уникатни луксузни автомобили нарачувале сè пософистицирани фигури

Еден таков сопственик бил британскиот индустријалец Лорд Монтегу, кој во 1909 година нарачал женска скулптура за украсување на својот Rolls-Royce Silver Ghost. Скулптурата била дело на Чарлс Сајкс, а по узор на познатата актерка Еленор Веласко Торнтон (1880-1915), со која, според многумина, Лорд Монтегу бил во врска. Скулптурата била наречена „Whisper“ (Шепотење) и многумина ја сметале за најдобра во (иако сè уште кратката) историја на моторните возила.

Оригинална скулптура „Whisper“ од Чарлс Сајкс

Не е ни чудо што спектакуларната скулптура многу брзо добила многу копии на други автомобили. Проблемот станал толку голем што во 1911 година, извршниот директор на Rolls-Royce одлучил да побара од Сајкс да моделира уникатна фигура која ќе биде резервирана исклучиво за автомобилите од таа марка. Сајкс обликувал нова фигура, со ново име „Spirit of Ecstasy“.
Иако системот за ладење во автомобилите одамна е сосема поинаков, Британците ја продолжуваат традицијата што започнала пред 110 години. Со текот на времето, поради промените во безбедносните и моралните стандарди, големината на самата фигура и начинот на монтирање се смениле. Од 18 см висока се намалила на посуптилни 9,5 см. Фигурината се крие кога автомобилот е паркиран за да се спречи нејзино крадење.

Восочен прототип на фигурата

Интересно, сè до 1939 година, односно 28 години, секоја фигура „Spirit of Ecstasy“ била рачно изработена од самиот Чарлс Сајкс. Во тоа му помогала само неговата ќерка. Денес, многу елементи од автомобилите на Rolls-Royce сеуште сè изработуваат рачно, додека секоја фигура е направена со полнење на калап со стопен нерѓосувачки челик, на температура од 1600 ° С. Кога челикот ќе се олади се отвора калапот. Конечната трансформација се одвива во одделот за завршна обработка, процес наречен „peening“ или еден вид фино полирање со милиони топчиња од не’рѓосувачки челик со дијаметар од само 0,04 mm. По завршното огледално лакирање и строгите проверки на квалитетот, готовата фигура се испраќа до Гудвуд за да го заземе вистинското место над култната Rolls-Royce решетка.