Најбараниот автомобил во Европа во декември 2020 година бил Golf, следен од електричните модели Volkswagen ID.3 и Tesla Model 3

Побарувачката за електрифицирани автомобили (plug-in хибриди и чисто електрични возила) во 2020 година се зголемила за 147% во споредба со 2019 година.

Така, во годината зад нас, 1,42 милиони од овие возила се испорачани на клиенти на европскиот пазар, додека во 2019 година биле продадени околу 575.000 такви автомобили, барем според податоците објавени од Jato.

Интересно е што во декември 2020 година два електрични модели се на второто и третото место според бројот на продадени автомобили во Европа.

Имено, по Volkswagen Golf, кој е на првата позиција со продадени 30.073 единици, на второто и третото место се пласирани VW ID.3 (27.997 испорачани возила) и Tesla Model 3 (24.567 единици).

Ако се погледат резултатите за целата 2020 година, најбараниот електричен автомобил на европскиот пазар бил Renault Zoe (продадени 99.261 единици), втор е Tesla Model 3 (85.713), трет WV ID .3 (56.118). На четвртото место е Hyundai Kona (47.796), а на петтто место е VW e-Golf 7 (33.650).