Прв поглед на сосема новата Lada Niva / ВИДЕО
Наследникот на легендарниот руски SUV ќе пристигне во 2024 година
Renault има големи планови за Lada, кои вклучуваат лансирање на четири сосема нови модели до 2025 година
Меѓу сите нив е и наследникот на легендарната Niva, теренецот кој што се произведува со повеќе или помалку подобрувања повеќе од четири децении – со скоро непроменет надворешен дизајн.
Ако се суди според дизајнерскиот цртеж, наследникот ќе биде визуелно помодерен, но ќе задржи некои стилски елементи на оригиналната Niva. Иако дизајнерските скици воглавно не се преточуваат како такви во конечната производствена верзија, лесно може да се забележи дека позицијата на предните почажувачи на правец, положбата на фаровите во рамките на решетката на ладилникот и коцкастиот облик на каросеријата, се посвета на оригиналната Lada Niva. Исто така, за разлика од сегашната верзија, новиот модел ќе има 4 врати.
Покрај новата Niva, планот на Renault предвидува и нов компактен SUV, кој ќе биде претставен една година подоцна.
Овој автомобил, како и идниот теренец на романскиот бренд Dacia, ќе се базираат на механичката платформа CMF-B на групацијата Renault, а најавена е и тесна соработка меѓу романскиот и рускиот автомобилски бренд, кога станува збор за производство на сродни модели.