М Кар одбележа пет години дистрибуција на BMW и Mini во Македонија
Компанијата М Кар, која е увозник и дистрибутер на брендовите BMW и Mini за Македонија и Косово почнувајќи од 2015 година бележи континуиран раст, при што со посветеност и грижа кон корисниците, постепено, како што велат тие, ја вратиле нивната довербата, за да во изминатата 2020 година и се искачат на тронот во премиум сегментот во Македонија.
„Со напорна работа, посветеност и визија во текот на овие 5 години успеавме брендовите BMW и MINI да ги етаблираме на највисока позиција на македонскиот пазар. Со континуирано исполнување на најновите стандарди на групацијата BMW, поседувајќи извонредна инфраструктура, придобивките кои доаѓаат од квалитетот на брендовите кои ги застапуваме и работејќи со искусен и посветен тим, М Кар секогаш цели кон задржување на највисоките стандарди на грижа и задоволство на своите клиенти. Нашата стратегија е секогаш да го ставиме клиентот во фокусот на апсолутно секој вработен во нашата компанија, се трудиме на персонализиран третман, овозможувајќи уникатно искуство, како и предвидување на потребите и надминување на очекувањата на клиентот. Иако нашите инвестиции во образованието, дигитализацијата и модернизацијата на нашите услуги се значајни, мислам дека причината зошто оваа година успеавме да бидеме број 1 во премиум сегментот во Македонија и покрај пандемијата и отежнатите услови за работа, лежи токму во овој пристап како и силните продукти и подршката од принципалите, а тоа го прави нашиот успех уште повреден за нас како тим“, вели генералниот директор на М Кар, Марко Јовановски.
По само две години постоење, во 2016 година, компанијата M Кар ја освои наградата „BMW Presidents Award“, која е најпрестижното и највисоко признание доделено од групацијата BMW на своите партнери. Истата година моделот BMW X1 беше прогласен за SUV на годината 2016.
Благодарение на силното партнерство со групацијата BMW, M Kaр во своето работење секогаш успева да обезбеди промоција на сите нови модели, веднаш по нивните светски премиери на познатите меѓународни саеми.
Освен продажниот и сервисен центар за BMW и MINI, компанијата дополнително врши и дипломатска продажба, користени возила по принципот „старо за ново“, а од 2020 година започнува со дистрибуција на комплетно електрични возила од програмата BMW i и Mini Electric.
По повод својата 5 годишнина, во знакот на 5, М Кар промовира акциски понуди за BMW и MINI, како за продажба, така и во постпродажба, за што повеќе информации можете да најдете на нивниот официјален веб-сајт.