Jeep Grand Cherokee долго време е големата ѕвезда во теренската гама на американскиот Jeep. Моделот за прв пат дебитираше во 1993 година и оттогаш постојано е еден од најпродаваните модели во Америка

Новиот Jeep Grand Cherokee L со три реда на седишта е диајниран и наменет за пазарот во САД, но покажува како ќе изгледа сосема новиот, пократок европски модел.

Стајлингот на новиот Grand Cherokee L означува суптилна, но забележлива еволуција во однос на моделот од последната деценија. На предниот дел, новиот Jeep црпи инспирација од Grand Wagoneer, нов концепт кој дебитираше минатата година. Се одликува со поистакната хауба со агресивен „пад“ надолу, помали делови од решетката со седум летви, лоцирани на горниот дел од големиот долен отвор, како и тенки LED светла на страните. Страничниот профил на новиот Grand Cherokee L е остар и дефиниран и за прв пат моделот е поставен на 21-инчни тркала. Новиот Grand Cherokee има остра кровна линија која се претопува во мазен заден дел.

Вкупната должина на моделот нраснала до над 5,2 метри. За споредба, сегашниот двореден Grand Cherokee се протега на 4,82 метри вкупна должина, додека ширината на возилото е зголемена за 3,5 сантиметри. Ентериерот е вистински контраст со минатогодишниот модел. Новиот Jeep има комплетно нов дизајн на централната конзола, повеќенаменски волан, атрактивен кожен тапацир и поквалитетни украси како дрво и метал. Се чини дека единственото нешто што останува како стандард е 8,4-инчниот екран на допир, но со можност за поголем 10,1-инчен екран, се разбира со доплата, придвижуван од најновиот UConnect 5 систем за забава. Тука се и безжичните Apple CarPlay и Android Auto, како и 4G LTE Wi-Fi.

Кога станува збор за погонот, опциите се бројни. Моторите во Америка се 3,6 V6 и 5,7 V8 HEMI, но за Европа треба да се очекуваат послаби перформанси, односно plug-in варијанта.

Loading...

Watch JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 33 at website https://crunchyrollfree.com get crunchyroll premium

My Hero Academia 3 (https://funimationfree.com/m/E29v) Episode 25 at Funimation funimation android