BMW M2 CS vs Mercedes-AMG A45 S / ВИДЕО
Двата модели на патеката се во нивните најмоќни верзии
Car Magazine организирал интересна трка за забрзување во која еден покрај друг ги поставил купето BMW M2 CS и хечбекот Mercedes-AMG A45 S во нивните најмоќни верзии. Двата модела имаат приближно иста моќ, но се разликуваат скоро во сè друго.
BMW M2 CS е најмоќниот член на семејството BMW Серија 2, базиран на верзијата M2 Competition. Од стандардниот М2 се разликува по керамичко-карбонските сопирачки, прилагодливата суспензија, карбонскиот кров и погонска единица, која е позајмена од „стариот“ BMW M4 Competition.
Ова значи дека под хаубата се наоѓа 3.0-литарски twin-turbo мотор со шест цилиндри кој развива 450 КС и 550 Nm вртежен момент. Како стандард, купето доаѓа со 6-степен мануелен менувач, но по желба на клиентот, достапен е и автоматски менувач со две спојки и 7 степени на пренос.
Конкурент во овој случај е најмоќниот хечбек во историјата – Mercedes-AMG A45 S. Неговиот погон е 2.0-литарски бензински турбо-мотор со четири цилиндри и моќност од 421 КС и 500 Nm вртежен момент. Моќноста до надградениот систем за погон на четири тркала се пренесува преку 8-степен автоматик.
Погледнете го видеото во прилог!
https://youtu.be/M9B1ITp8vvQ