Кина најпрофитабилна за германската автомобилска индустрија
Кинескиот пазар уште еднаш се покажува како „најважниот столб“ на глобалната автомобилска индустрија, а особено за германските производители, се вели во извештајот објавен од глобалната консултантска куќа Ernst & Young (EY)
Уделот на Кина во светската продажба на германските производители на автомобили во третиот квартал (Q3) се зголемил од 35,7 на 39,2 проценти на годишно ниво, според Autoblog.
За време на првиот бран на COVID-19 во вториот квартал, 51 процент од сите нови автомобили од германските производители на автомобили биле продадени на купувачи во Кина.
Трите најголеми германски производители на автомобили Volkswagen, BMW и Daimler профитирале „над просекот“ од закрепнувањето на пазарот во Кина, бидејќи нивната продажба во третиот квартал во Кина се зголемил за девет проценти во споредба со минатата година, забележува EY. Во исто време, продажбата на германските производители на автомобили во Западна Европа опаднала за четири проценти, а во САД за дури 14 проценти.
По големиот пад на глобалните приходи, како и продажбата на единици во вториот квартал поради COVID-19 кризата, компаниите од 17-те автомобилски групи анализирани низ целиот свет биле „значително подобри“ во третиот квартал, се вели во извештајот на EY.
Приходите на анализираните автомобилски групи се зголемиле за 53 проценти во споредба со претходниот квартал, додека продажбата на нови возила се зголемил за 46 проценти.
Сепак, во споредба со претходната година, светските производители на автомобили сè уште не го достигнале нивото. Во однос на приходите и продажбата, анализираните производители на автомобили биле за пет проценти под нивото пред кризата.