BMW испраќа пораки на сопствениците на нивни автомобили преку електронски билборди
Новата рекламна кампања на BMW вклучува прикажување на пораки на електронски билборди упатени до сопствениците на автомобили кои повеќе не се покриени со гаранција
Баварците велат дека нивната цел е да ја користат технологијата за препознавање регистарски таблички за да прилагодат реклами адресирани до возачите на BMW, без да го истакнат статусот на нивната гаранција.
Наместо тоа, се користат само јавно достапни информации. „Персонализацијата не е видлива на огласот, ниту, пак, информациите за возилото или клиентите се зачувани или задржани.“
Првично се тврдеше дека новата иницијатива е насочена кон возачите на BMW на кои им е истечена новата или одобрена користена гаранција. Сопствениците ќе добиваат персонализирани пораки на електронски билборди покрај патот, истакнувајќи го фактот дека тие веќе немаат валидна гаранција.
Тие ќе бидат предупредени дека нивното возило не е покриено кога станува збор за трошоците за поправка, па затоа се повикуваат „да размислат за купување на BMW Insured гаранција преку интернет“.
Електронските билборди користат технологија за детекција на возила и со нејзина помош тие ги издвојуваат сопствениците на BMW со истечена гаранција.
Сепак, BMW сега инсистира на ангажираните билборди да се прикажува генеричка порака „која ќе биде прикажувана на повеќето модели на BMW постари од 35 месеци“.
„Нема лични идентификациони информации кои се користат во овој процес, ниту пак имавме пристап до какви било лични податоци“, велат Баварците.
Единствено на сопствениците кои стојат на црвено светло на семафор ќе им бидат прикажани специјално скроени пораки.
„Нашите клиенти очекуваат повисоко ниво на услуга за клиенти и персонализиран дигитален маркетинг, а ова е само еден начин на кој сакаме да им го обезбедиме тоа“, вели Стив Кен од финансискиот оддел на BMW.
Специјално креираните пораки на билбордите се единствен начин да се информираат сопствениците на возила БМВ надвор од нивните домови и се надеваме дека ова ќе остави траен впечаток “.