Volkswagen Tiguan eHybrid со 245 КС
За купувачите во Европа, во понудата на Volkswagen се најде уште еден plug-in хибриден теренец
Volkswagen ја комплетираше гамата на SUV моделот Tiguan со нова plug-in хибридна верзија. Станува збор за автомобил кој се придвижува со 1.4-литарски TSI мотор и електромотор. Преносот на моќност е доверен на 6-степен автоматски менувач. Вкупната комбинирана моќност на погонскиот систем достигнува 245 КС (180 kW), додека максималниот вртежен момент од 400 Nm е достапен во режимот на возење GTE. Кога надворешната температура е над -10 ° C, погонскиот систем е поставен така што прво се вклучува електричниот мотор, а Tiguan eHybrid може да помине и до 50 километри само на електрична енергија.
Литиум-јонската батерија се наоѓа во подот на возилото, помеѓу предната и задната оска. Освен на домашен приклучок, батеријата може да се полни и на полначи од 2,3 или 3,6 kW.
Батеријата делумно се полни и со помош на системот за рекуперација на енергијата при кочење. Автомобилот доаѓа стандардно со 17-инчни алуминиумски тркала, шини на покривот, три-зонски автоматски „клима уред“, дигитална табла со инструменти, мултифункционален кожен придружен со рачки за рачно менување на брзината, систем за автоматско сопирање во случај на опасност од судир, предни и задни паркинг сензори…
Почетната цена на Volkswagen Tiguan eHybrid во Германија е 42.413 евра.