Како што објави на својот Twitter профил, Aston Martin започна со првите испораки на ограниченото издание од моделот Aston Martin DB5 Goldfinger од 25 примероци. Цена? Ситница: 3,3 милиони фунти (3,6 милиони евра)

Станува збор за идентични копии на автомобилот на тајниот агент Џејмс Бонд 007 од филмот Goldfinger од 1964 година, во кој главната улога ја игра неодамна починатиот Шон Конери. Она што е интересно е дека овие 25 примероци доаѓаат со „додатоците“, видени во филмот пред 56 години.

Секој од овие модели е рачно изработен во седиштето на Aston Martin, во реномираното одделение Heritage Division во Њупорт Панел, Бакингемшир. Повеќе од 4.500 часови се потрошени на изработка на секој модел, користејќи оригинални каросериски плочи и 4.0-литарски линиски 6-цилиндерски бензинец од 286 КС (210 kW), поврзан со петстепен мануелен менувач.

Ако се прашувате зошто точно 25 копии од овој легендарен модел, одговорот лежи во фактот дека досега се снимени вкупно 25 филмови за Џејмс Бонд. И да, се разбира, сите 25 примероци се веќе продадени, а купувачите се во Европа, САД и Блискиот исток. За време на првите испораки, Aston Martin добил дозвола од пет клиенти да ги користат автомобилите за фотографирање, што веројатно ќе биде единствениот пат кога толку многу копии се заедно на едно место.

Снимањето вклучува и демонстрација на неколку од додатоците на автомобилот, дизајнирани со помош на експертот за специјални ефекти Крис Корболд во филмовите со агентот 007. Тука влегуваат ротирачки регистарски таблички (користејќи ги броевите на регистарските таблички што се гледаат во филмот), заден дефлектор „отпорен на куршум“, „митралези во предните светла“ т.н. овнови, борбени делови на браникот кои можат да се извлечат во случај на потреба, систем за прскање масло и димна завеса.

Внатрешноста на автомобилот има потпирач за раце со скриен уред на расклопување, радарска конзола и телефон вграден во вратата на возачот. Иако седиштето за исфрлање не можело да се вклучи од безбедносни причини, покривниот панел може да се отстрани за да се симулира овој ефект.

Сепак, ако мислевте дека ќе можете да го возите овој модел по јавни патишта, ќе останете разочарани. Поради вградените специјални уреди, моделите DB5 Goldfinger Continuation немаат хомологација за регуларните патишта!

Loading...

Attack on Titan Season 3 (https://animefreak.ws/m/lKJ7) Episode 12 at website https://animefreak.ws animefreak one piece

My Hero Academia 3 Episode 25 at GoGoAnime gogoanime one piece