Jaguar F-Type Heritage 60 Edition / ФОТО
Jaguar следната година го слави 60-от роденден на E-Type и по тој повод подготвува специјална верзија на денешниот еквивалент F-Type
Името на моделот е F-Type Heritage 60 Edition од кој ќе бидат произведени само 60 примероци достапни за клиентите ширум светот, освен Кина. Секоја единица ќе биде изработена рачно од тимот експерти од одделот за персонализација на Jaguar познат како SV Bespoke, а во понуда ќе бидат и купе и кабриолет верзии.
F-Type Heritage 60 Edition се базира на моделот F-Type R, чиј погон е 5.0-литарски V8 мотор со компресор. Оваа единица развива 567 КС и моќноста се пренесува на сите четири тркала.
Надворешноста ќе ја краси зелената боја позната како Sherwood која се користела во оригиналната палета на бои на првиот Е-Type модел. Оваа боја не се нуди од 60-тите години на минатиот век.
Секој од автомобилите ќе чини најмалку 122.500 фунти.