Kia Sportage – рендер најава за новата генерација
Петтата итерација на популарниот теренец на Kia е во фаза на развој, а дигиталните рендери покажуваат како би можела да изгледа
Дебито на новата генерација на Sportage е закажано за април 2021 година. Се верува дека новината ќе има прилично футуристички дизајн, напредна технологија, а електрификацијата изгледа скоро неизбежна.
Kia сака новиот Sportage да остане еден од столбовите на брендот во Европа. Но со радикална промена кога станува збор за дизајнот. Примената на футуристичкиот стил е веќе очекувана, но се очекуваат и промени во формите на самиот автомобил. Така, новата генерација треба да добие малку поизразена опаѓачка линија на покривот, иако е тешко да се поверува дека Sportage ќе добие целосно изглед налик на купе.
Исто така се верува дека внатрешноста ќе биде драстично различна од она што можеме да го видиме во сегашниот модел на овој корејски теренец. Сигурно е дека ќе видиме најмалку два дисплеја во салонот, од кои едниот ќе се користи за контрола на инфо-забавниот систем, а другиот треба да ја толкува улогата на дигитална инструмент табла.
Кога станува збор за моторната гама, тука се очекува вистинска разновидност. Kia наводно подготвува серија традиционални SUS мотори кои ќе користат помош на благ хибриден систем. Но, тоа не е сè во однос на електрификацијата, бидејќи покрај класичните верзии, во понуда ќе има plug-in хибрид, а во план е и целосно електрично издание на новиот Sportage.
Уште еднаш, дебито на новата итерација на адутот на Кiа е закажано за април следната година. Производството треба да започне во вториот квартал од 2021 година, а првите примероци ќе бидат во салоните следното лето.