Барем во Азија каде уште еден производител одлучил да се пофали со новата практика за испорака на нови автомобили 

За да се сведе на минимум можноста за пренесување на инфекцијата, индискиот производител Tata Motors одлучи да воведе испорака на своите автомобили во безбедносни балони

Ставањето на возилото во пластичен балон ја намалува можноста за ширење на вирусот за време на транспортот на минимум, така што клиентот ќе го земе автомобилот во скоро стерилни услови. Одличниот маркетинг потег моментално функционира само со одбрани дистрибутери и се претпоставува дека ќе стане редовна пракса во блиска иднина, барем кога станува збор за Tata Motors.

Имено, Tata Motors го искористи времето на пандемија да ја обнови својата гама и да лансира нови модели, па на крајот следствено забележа и зголемување на продажбата. Со цел испораката да биде што е можно побезбедна за клиентот, компанијата има воведено комплетна програма за дезинфекција на возилата во синџирот на снабдување, а од декември и транспорт на возила во безбедносни „меури“.