Преставена третата генерација на Nissan Note
Nissan Note беше развиен и насочен кон купувачите на глобално ниво, па во одреден момент, моделот од првата генерација беше понуден и во Европа
Сепак, веќе со втората генерација, Note започна да се повлекува од Европа и Америка, додека во матичната земја модел го ужива епитетот на бестселер. Околу половина од клиентите се поврзани со plug-in хибридната верзија e-Power, која дебитираше во 2016 година.
Соодветно на тоа, третата генерација на Note на пазарот пристигнува точно на време, додека самиот концепт на новитетот е целосно прилагоден на клиентот кој живее и троши пари во Јапонија.
Наспроти глобалните трендови, новитетот со пет врати станал покомпактен од претходната генерација. Секако, не е толку мал за да падне класа подолу, но намалувањето во должина од 55 mm е секако значајно, така што новиот Note има должина од 4,045 mm. Новитетот е и понизок за 15 mm или 1.505 mm, но затоа ширината останала иста (1.695 mm). Меѓуоскиното растојание, кое беше идентично во првата и втората генерација и беше 2,6 m, сега е помало за два cm. Клиренсот е сличен на спортските автомобили и е само 120 mm. Интересно е што дури во две од трите понудени модификации, Note доаѓа со челични бандажи (димензии 15 или 16 инчи), додека само во горната варијанта тие се изработени од лесна легура. Затоа фаровите доаѓаат со LED технологија уште од основно ниво.
Note е поставен на новоразвиената CMF-B архитектура, иако архитектурата е во основа иста како порано, што значи напред Мекферсон решение, назад полукрута осовина.
Потребно е да се каже дека Nissan е првиот производствен Nissan во Јапонија кој користи челик со висока цврстина, но во исто време, тежината на празното возило останала непроменета на 1.190 килограми.
Чисто бензинска верзија веќе нема, односно целата гама е хибридна. Погонскиот агрегат со комерцијално име e-Power е секвенцијален хибрид што значи дека тркалата се придвижуваат со електричен мотор, додека бензинскиот мотор служи само како единица, односно генератор за производство на електрична енергија. Се контролира исклучиво од страна на електрониката.
Електричниот мотор на новата генерација добил дополнителна моќност, па наместо поранешните 109 КС и 254 Nm вртежен момент, тој сега испраќа 116 КС и 280 Nm на предните тркала.
Опционалниот погон на сите четири тркала повеќе не е само фигуративен, туку е целосно функционален. Сите верзии имаат три електронски контролирани режими на возење (Eco, Normal, Sport).
Бензинскиот мотор е атмосферска единица со три цилиндри, која има волумен од 1,2 литри, нуди три коњски сили повеќе отколку порано (82 КС), иако вртежниот момент е ист (103 Nm). Но, главната работа е што контролната програма за оваа единица сега станала значително покомплексна.
Електрониката ја одржува брзината на коленестото вратило на пониско ниво отколку во претходниот модел, на кој начин бучавата произведена од термалниот мотор се одржува на поприфатливо ниво. Меѓутоа, кога се вози по лош пат или автопат или во ситуации кога е природно нивото на бучава да биде поизразено поради други влијанија, дозволени се и поголеми вртежи. Главната цел што ја имал предвид дизајнерот е патниците да бидат што е можно помалку свесни за постоењето на моторот со внатрешно согорување.
Кога станува збор за салонот, пред се производителот ја зајакнал звучната изолација. Виртуелната инструментација се прикажува пред очите на возачот на седум инчен екран, додека поставките на мултимедијалниот систем се прикажуваат на екран со девет инчи дијагонално.
Новиот модел ја поседува втората верзија на системот ProPilot. Опцијата Navi-link му овозможува на системот да го движи возилото на пат само со употреба на камери и сензори, но исто така и врз основа на податоци од системот за навигација, што му овозможува на возилото да забави пред да се приближат кривини или да ја прилагоди брзината во зависност од ограничувањето на патот.
Продажбата на новиот Note во Јапонија започнува во декември со почетна цена од 19.400 американски долари за варијантата со погон на предните тркала. Сè уште нема официјално соопштение дали овој интересен новитет ќе се врати на глобално ниво, освен на матичниот пазар.