Audi SQ2 ажуриран по само 2 години на пазарот / ФОТО
Компактниот кросовер добил нов изглед и нови технологии
Audi за подобра пазарна конкурентност изврши рестилизација на спортски ориентираниот кросовер. Рестилизацијата доаѓа само две години по лансирањето на моделот, а компанијата веќе прима нарачки за ажуриранта верзија. Цената во Германија започнува од 45.700 евра.
За погонот на Audi SQ2 сè уште е одговорен 2-литарски TFSI бензинец со максимална моќност од 300 КС и вртежен момент од 400 Nm. Погонот е на сите четири тркала, а стандардно за трансмисијата е одговорен 7-брзински S tronic менувач, овозможувајќи забрзување од 0 до 100 km/h за 4,9 секунди и максимална брзина од 250 km/h.
Што се однесува до изгледот, променета е предната октагонална решетка, која сега е малку потесна. Мала промена има и во дизајнот на светлосните групи кои сега сериски се со LED технологија, а опционално може да се добијат и со Matrix технологија. Стоп светлата исто така се со LED технологија, а таканаречените динамички покажувачи на насока се достапни во повисоките нивоа на опрема. Мала стилизација е извршена и капаците од ретровизорите, задниот браник и спојлерот, а во изворот на фелни има и нови модели со дијаметар од 18 и 19 инчи.
Во салонот, ажурирана е верзијата на инфо-забавниот систем на Audi, кој сега има повеќе функции. Автоматскиот клима уред, мултифункционалниот спортски волан и спортските седишта сега се стандардни. Премиум аудио системот Bang & Olufsen е опционално достапен.
Audi SQ2 нуди и целосен опсег на функции за безбедност и помош на возачот. Меѓу нив се прилагодлив темпомат со асистенција односно самостојно забрзување, забавува и го одржува автомобилот во сообраќајната лента по која се движи.