Ако се суди врз основа на барањето за заштита на патенти и германските професионални медиуми, одговорот е да односно следната година Corolla Cross ќе биде претставена на Стариот континент

На почетокот, воопшто не беше јасно дали јапонската марка има намера да ја понуди оваа варијанта на Corolla во Европа. Германците истакнуваат дека Corolla Cross совршено се вклопува во европскиот асортиман на Toyota и дека треба да заземе позиција помеѓу C-HR и RAV4. На крајот на краиштата, јасно е дека на Toyota и недостасува компактен кросовер во Европа.

Иако Corolla Cross и C-HR имаат исто меѓуоскино растојание, SUV изданието на Corolla сепак е наменето за помали семејства и нуди повеќе простор. Така, Corolla Cross има 487 литри корисен волумен во багажниот простор, додека бројката кај C-HR е далеку помала. SUV варијантата на Corolla ја користи платформата TNGA-C, a димензиски тоа значи – долга 4.460 mm, широка 1.825 mm и висока 1.620 mm.

Ако дојде во Европа, скоро сигурно дека Toyota Corolla Cross ќе се нуди исклучиво како хибриден модел. Значи, понудата треба да започне од хибрид со 122 КС, а најверојатно портфолиото ќе вклучува и помоќна варијанта од 180 КС.