
Студија: најнепристојни возачите на BMW, а и оние со Audi не се далеку
Најголема шанса во текот на возењето да ве прекине сирена, шкрипење на гуми или пцовка доаѓа од некој модел од баварската марка
Во последниве години некако вообичаена стана тезата дека возачите на BMW се најнепристојни и истовремено најагресивни во сообраќајот. Потврда за тоа се бројни случаи од секојдневното живеење, но и некои студии. Најновата таква студија е спроведена од на огромен примерок од 2,5 милиони осигурителни побарувања во база на податоци.
Веднаш треба да се каже дека студијата е валидна за Америка, но заклучоците се многу блиски и со оние што се гледаат на европските патишта. Непристојните возачи дефинитивно се вратени на патиштата, а „паузата“ поради пандемијата не им ги оладила главите. Како што покажува студијата, непристојните возачи најчесто возат на браник и сирена, и често се подготвени да направат посериозен прекршок со цел да се пресметаат со друг учесник во сообраќајот.
Просекот во САД е 23,1 на 1.000 возачи. Толку ги има со најмалку еден прекршок што може да се класифицира како непристојно однесување при возење. Најчесто станува збор за возачи на спортски автомобили, со просечна моќност на моторот од околу 230 КС. Американскиот просек е автомобил од 37.950 американски долари и моќност од околу 120 КС.
Ако станува збор за брендови, тогаш постои многу јасна тенденција за склоности на возачите кон премиум марки. Така, BMW е на самиот врв, како и Audi и Acura, така што на овие три марки отпаѓаат 6 од 10 автомобили со непристојни возачи.
Топ 3 го отвора Audi A5, со просечна моќност од 260 КС, но и 54,3 непристојни возачи на 1000. На второ место е BMW Серија 7 со 56,2 непристојни возачи на илјада. Апсолутен победник е уште едно BMW, Серија 4. Од илјада возачи на овој модел, 58,9 не знаат што е тоа пристојно однесување во сообраќајот. Најчесто им „приговараат“ на пешаците, не запираат на знакот „Стоп“ и сакаат да поминат на црвено, според податоците од базата на податоци.
Од друга страна, најпристојните возачи возат големи, но незабележителни „џипови“ како што се Nissan X-Terra, Honda Ridgeline и Range Rover.