На тимот од Милтон Кинс ќе му треба нов снабдувач на агрегати за една и пол година

Приказните кои се вртат низ F1 падокот оваа есен се дека Red Bull со двата свои тима ќе го напушти шампионатот доколку развојот на моторот не биде замрзнат по 2022 година. Затоа, во понеделник во Португалија, челниците на тимот ќе имаат состанок со FIA, Liberty Media и останатите производители на мотори.

Што се однесува до другите снабдувачи со мотори, Mercedes јасно му стави до знаење на тимот од Милтон Кинес дека тие веќе немаат резервен производствен капацитет за снабдување, Ferrari во моментов има погонски агрегат кој не обезбедува завидни перформанси, додека Renault и Red Bull немаа нешто добри односи во последните две години.

Autobild.de пренесува дека главна тема на состанокот меѓу овие страни ќе биде иднината на Red Bull во Formula 1. Веќе во 2026 година ќе биде претставен нов концепт погонските единиви, па сега се бара преодно решение за овој тим. На новинарско прашање за можноста за развој на сопствена единица, Хелмут Марко рече:

„Ние би развиле наш мотор само во овој преоден рок. Сакаме да останеме во Formula 1, но само ако можеме да победуваме. Ако тоа не е можно, ако сме само обичен клиентски тим, тогаш нема поента да бидеме тука“.