Tesla признава – задниот браник може да отпадне за време на дожд / ВИДЕО
Американскиот производител на електрични автомобили често е во центарот на вниманието. За жал, уште еднаш во негативен контекст
Доста е пишувано дека Model 3 на Tesla има проблеми при силен дожд, особено со задниот браник кој може да отпадне, што секако е голем удар за Tesla и нејзиниот имиџ.
Конечно се огласија и од Tesla со изјава дека такви работи можат да се случат, во ретки случаи, а дека се случило затоа што браниците не биле соодветно закачени во фабриката во Фримонт.
Исто така, се наведува дека проблемите ќе се отстранат при првата можност и дека целата штета ќе биде покриена со гаранцијата на компанијата. Сепак, бидејќи станува збор за модели кои се излезени од фабриката во мај 2019 година, се чини дека на Tesla и требаше и премногу долго време да реагира.
Во моментов е најважно е дека во компанијата се решени да го средат проблемот.
https://youtu.be/0GRO-sNuquM