Верзијата TGI може да помине околу 400 километри со едно полнење

Пред две години, Volkswagen работеше на мотор кој како погонско гориво користи природен гас – 1.5 TGIF со директно вбризгување и турбокомпресор со променлива геометрија. Овој мотор веќе се вградува во Škoda Octavia, Seat Leon и Audi A3, а сега слична модификација се појави и во осмата генерација на Volkswagen Golf.

Технички, новиот VW Golf TGI практично и не се разликува од неговите „браќа“.

Golf TGI е опремен со моќен 1.5-литарски 4-цилиндерски мотор со 96 kW / 130 КС и три резервоари за гориво за природен гас (вкупен капацитет од 115 литри или 17,3 килограми гас). Резервоарите се интегрирани во подвозјето и дозволуваат опсег од околу 400 километри (WLTP) во режим на чист природен гас (CNG). Секако има и резервоар за бензин но со намален капацитет (9 литри) кој служи само како резерва, но обезбедува дополнителен опсег.

Потрошувачка во kg/100 km (NEDC):
во град / на отворено / комбинирано: 4,4 / 3,1-2,9 / 3,6-3,5

Емисии на CO2:
98-95 g/km (енергетска класа А+) 

За моделот се нуди само 7-брзински роботизиран менувач. Верзија на природен гас ќе добие и караванот Golf Variant. 

Нарачките за хечбекот веќе се прифаќаат во Германија, со почетна цена од 30.935 евра. Тоа е 230 евра повеќе од сличниот Audi A3 Sportback g-tron. Караванот ќе биде поскап и неговата цена ќе биде дополнително објавена.